• недела, 22 декември 2024

Германскиот канцелар Шолц утре во Скопје на средба со премиерот Ковачевски

Германскиот канцелар Шолц утре во Скопје на средба со премиерот Ковачевски
Скопје, 10 јуни 2022 (МИА) - Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц ќе пристигне во Скопје на официјална посета.Како што соопшти владината прес-служба, канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот. По Скопје, германскиот канцелар заминува во посета на Софија. нд/  

Остани поврзан