• понеделник, 23 декември 2024

Германскиот и данскиот министер за одбрана во посета на центарот за обука на украинските војници

Германскиот и данскиот министер за одбрана во посета на центарот за обука на украинските војници

Берлин, 5 мај 2023 (МИА) - Германскиот и данскиот министер за одбрана, Борис Писториус и Троелс Лунд Поулсен денеска ќе ја посетат обуката на украинските војници за борбени тенкови Леопард 1 А5.

За време на посетата, Писториус и Лунд Поулсен ќе разговараат со инструкторите и украинските војници.

Украинските војници се обучуваат од германски и дански инструктори во Клиц, источна Германија. Клиц е центар на Мисијата на ЕУ за воена помош во Украина во Германија, каде се обучени повеќе од 3.000 украински војници. До крајот на годината се очекува бројката да порасне до 9.000.

Техничари од одбранбената индустрија ја поддржуваат програмата за обука.

Германија, заедно со Холандија и Данска, исто така ја финансира поправката на борбените тенкови. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан