• сабота, 23 ноември 2024

Германскиот Бундестаг ја одобри реформата за ограничување на персоналниот состав на 630 пратеници

Германскиот Бундестаг ја одобри реформата за ограничување на персоналниот состав на 630 пратеници

Берлин, 17 март 2023 (МИА) – Долниот дом на германскиот Парламент,  Бундестагот, денеска ја одобри многу важната  изборна реформа, со која се намалува големина и се ограничува составот на ова тело на 630 пратеници, јави ДПА.

Предлог, поддржан од владејачката централно-левичарска коалиција на социјалдемократите, зелените и слободните демократи, мина во Долниот дом по жестоката дебата.

Конзервативниот опозициски блок ЦДУ/ЦСУ, како и екстремно левичарската партија Левица (Die Linke), ги соопштија плановите за правно оспорување на законот пред германскиот Уставен суд, обвинувајќи ја владата дека сака да ја зацврсти сопствената позиција на моќ, пренесе германската агенција.

Досега, германскиот изборен систем се темелеше на правилото дека бројот на пратеници во Бундестагот може да се зголеми во зависност од изборните резултати. сд/

Остани поврзан