• понеделник, 23 декември 2024

Германска компанија за оружје нуди 88 тенкови на Украина

Германска компанија за оружје нуди 88 тенкови на Украина
Берлин, 26 април 2022 (МИА) - Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ понуди на Украина да и продаде 88 половни борбени тенкови „Леопард“. Понудата вклучува и обука во Германија, резервни делови и муниција, јави ДПА. Како што е наведено, минатата недела било поднесено барање до Министерството за економски прашања за да се одобри набавката. Германската влада доби уште едно барање од „Рајнметал“ - за испорака на 100 оклопни транспортери „Мардер“ за Украина. Владиниот портпарол Штефен Хебешрајт изјави дека одлуката ќе биде донесена наскоро. Весникот „Велт“ пишува дека „Краус-Мафеј Вегман“ сака да испорача 100 самоодни хаубици способни да погодат цели на 40 километри. паг/  

Остани поврзан