• четврток, 19 декември 2024

Германија ќе биде домаќин на конференција за обнова на Украина

Германија ќе биде домаќин на конференција за обнова на Украина

Берлин, 11 јуни 2024 (МИА) - Германија денеска ќе биде домаќин на конференција за поддршка на закрепнувањето на Украина од уништувањето на војната, испраќајќи сигнал за солидарност до Киев.

Дводневната конференција во Берлин се одржува пред самитот на најголемите украински сојузници Г7 во Италија и глобалниот мировен самит во Швајцарија во текот на викендот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да присуствува на собирот, на кој германските домаќини велат дека ќе има околу 2.000 претставници од политиката, бизнисот и другите сфери.

Минатата година, на слична конференција во Лондон, сојузниците на Украина и ветија неколку милијарди долари невоена помош за изградба на инфраструктура, борба против корупцијата и забрзување на нејзиното членство во Европската унија. Оваа година централна тема ќе бидат реформите.

„Вложуваме максимални напори Украина наскоро да заземе место на масата на Европската унија - затоа што, покрај нашата воена поддршка, ова е најдобрата одбрана што постои“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. паг/

 

Остани поврзан