• сабота, 21 декември 2024

Германија - Шкотска 3:0, островјаните останаа со фудбалер помалку

Германија - Шкотска 3:0, островјаните останаа со фудбалер помалку

Минхен, 14 јуни 2024 (МИА) - Екипите на Германија и Шкотска играат со резултат 3:0 на „Алијанц Арена“ во Минхен во натпреварот со кој се отвора Евро 2024.

Домаќините поведоа во 10. минута со голот на младата ѕвезда Флоријан Вирц. Џамал ​​Мусиала го удвои водството на средината на вториот дел, а Каи Хаверц постигна гол од белата точка непосредно пред паузата.

За прекршокот врз Илкај Гундоган, директен црвен картон доби дефанзивецот на островјаните Рајан Портеус. дс

Фото: УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан