• вторник, 05 ноември 2024

Германија: Пензионер на суд поради тенк во куќата

Германија: Пензионер на суд поради тенк во куќата
Кил, 27 јули 2021 (МИА) - Адвокати во Германија расправаат за тоа како да се справат со еден пензионер кој во својот подрум чувал тенк, противавионска пушка и торпедо од Втората светска војна. Оклопното возило „Пантер“ беше отстрането од подрумот на куќата на сега веќе 84-годишниот маж во северна Германија, во градот Хајкендоф, уште во 2015 година. Но, обвинителите и бранителите сега преговараат за можната казна, која се движи од условна и парична, до 500.000 евра казна. Според адвокатот на обвинетиот, Американскиот музеј е заинтересиран за купување на „Пантерот“. Многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното воено возило што го користела Германија во Втората светска војна. Адвокатот исто така рече дека голем број германски колекционери контактирале со обвинетиот поради други предмети, вклучително и пушки и пиштоли. На судското рочиште во понеделникот во градот Кил, адвокатите се обидоа да утврдат дали воената колекција го крши германскиот закон за контрола на оружјето. Одбраната тврди дека многу оружја веќе не се функционални и дека „Пантерот“ е купен како отпад и размислува да прифати казна помала од 50.000 евра. Во јули 2015 година, околу 20 војници го извлекуваа „Пантерот“ од имотот девет часа и го туркаа на ниско-преносен натоварувач. Тамошните власти ја пријавиле содржината во подрумот, на колегите во Берлин, кои претходно извршиле претрес во домот за уметнички дела украдени од нацистите, па судската постапка отпочнала. Следното рочиште е закажано за утре, а пресудата се очекува следниот месец.  си/

Остани поврзан