Герасимовски со честитка за Денот на општината: Заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар
- -Горди сме што заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар. Со заедничка посветеност реализираме бројни проекти што ја унапредуваат инфраструктурата, јавните услуги, зелените површини, културниот живот и условите за поквалитетно секојдневие. Центар денес е пример за активна, динамична и европска општина која расте, созрева и се менува во чекор со современите потреби на своите жители. Најважно ни е да градиме средина во која секој граѓанин се чувствува почитуван, слушнат и вклучен, се вели во честитката од Герасимовски.
Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Општина Центар денеска одбележува 49 години од формирањето на општината. По повод 3 Ноември, Денот на општината, градоначалникот Горан Герасимовски, упатува искрени честитки до сите центарци и порачува дека овој ден е потсетник на историјата, на традицијата и на визијата која нѐ обединува во градење модерна, хумана и просперитетна заедница.
-Горди сме што заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар. Со заедничка посветеност реализираме бројни проекти што ја унапредуваат инфраструктурата, јавните услуги, зелените површини, културниот живот и условите за поквалитетно секојдневие. Центар денес е пример за активна, динамична и европска општина која расте, созрева и се менува во чекор со современите потреби на своите жители. Најважно ни е да градиме средина во која секој граѓанин се чувствува почитуван, слушнат и вклучен, се вели во честитката од Герасимовски.
Нова успешна приказна, стои во честитакта, се пишува секој ден, со труд, со одговорност и искрена верба дека можеме подобро.
-Продолжуваме да работиме за Центар да биде најдоброто место за живеење и создавање. На сите центарци им го честитам денот на нашата општина. Ви благодарам за довербата. Заедно одиме напред. Нека ни е среќен денот, потенцира Герасимовски. аа/вј/
Фото: МИА архива