• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Се реконструираат лежечките полицајци на улицата Орце Николов, се отстрануваат старите бекатонски и се поставува нов асфалт

Герасимовски: Се реконструираат лежечките полицајци на улицата Орце Николов, се отстрануваат старите бекатонски и се поставува нов асфалт

Скопје, 30август 2025 (МИА) - Службите на Општина Центар, изминативе два дена изведуваат реконструкција на т.н лежечки полицајци на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Старите бекатонски се отстрануваат, а на нивно место се поставува нов асфалт, со што улицата добива современ и уреден изглед.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека оваа реконструкција е пример за тоа како со брза и ефикасна акција можеме да го подобриме секојдневието на граѓаните.

-Реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ со отстранување на оштетените бекатонки на старите лежечки полицајци и поставување нов асфалт значи подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајот. Со оваа мерка се принудуваат возачите да ја намалат брзината, со што се намалува ризикот од несреќи и се штитат пешаците и учесниците во сообраќајот, иазјави Герасимовски.

Нагласи дека старите оштетени лежечки полицајци можеа да предизвикаат опасност во сообраќајот, како и оштетување на возила.вј/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан