• среда, 27 ноември 2024

Герасимовски: Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски" и за првпат водоводна, фекална и атмосферска мрежа

Герасимовски: Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри и површина од 742 метри квадратни. Улицата доби нови тротоари, а изградена е и атмосферска, водоводна и фекална мрежа. Се очекува реконструкцијата целосно да биде завршена за десетина дена, по што улицата ќе биде пуштена во употреба, информираат од Општина Центар.

Оттаму додаваат дека градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најавил оти во наредниот период интензивно ќе се работи на санација и реконструкција на сообраќајната инфраструктура во целата општина.

-Целта ни е да постигнеме рамномерен развој и подеднакви услови за живот во секој дел од нашата локална самоуправа. Со реализација на овој проект во Ново Маало го решaваме горливиот проблем на жителите со изградба на водоводно канализациона мрежа, која досега не постоеше. Во наредниов период продолжуваме со реконструкција и санирање на повеќе улици во општината согласно зацртаната програма. Приоритет ни е модерна и квалитетно изведена патна инфраструктура за побезбеден и полесен сообраќај, посочил Герасимовски, кој извршил увид во градежните работи.

Во текот на оваа недела започнува и реконструкција на улицата „Елисие Поповски“ во Капиштец. До крајот на годинава Општина Центар ќе ги реконструира и улиците: „Светозар Марковиќ“,  „Донбас“, „Алберт Ајнштајн“, „Андон Дуков“ и „Дебарца“. сст/аа/

фото Општина Центар

Остани поврзан