• сабота, 06 декември 2025

Герасимовски: Нова шанса за практиканти во Општина Центар, плата 15.000 денари

Герасимовски: Нова шанса за практиканти во Општина Центар, плата 15.000 денари

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Општина Центар распиша јавен повик за практикантска работа, наменет за студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет. Повикот е активен од 7 до 20 јули 2025 година, а практикантите ќе започнат со работа на 1 август.

-Ова е втор јавен повик годинава, а од претходниот веќе се ангажирани четворица практиканти во општината. Целта е младите да стекнат работно искуство и да видат како функционира една општина одвнатре. Воедно, за оние кои ќе покажат сериозност и посветеност, ова може да биде и шанса за идно вработување, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Како што информираат од Општина Центар, практиканството трае шест месеци, со работно време од четири часа дневно и месечен надомест од 15.000 денари. По завршувањето, секој практикант ќе добие официјална потврда за реализирана практична работа.

Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студент или апсолвент, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.

Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

За дополнителни информации, јавете се на телефонските броеви :  02/3203-600 и 02/3203-655, на е-мејл адреса: vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk, или на веб страница на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=25893 сст/дма/

Фото МИА архива

Остани поврзан