• петок, 05 декември 2025

Герасимовски на средба со угостителите: Посебни пунктови за одлагање на отпадот од рестораните и локалите

Герасимовски на средба со угостителите: Посебни пунктови за одлагање на отпадот од рестораните и локалите

Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со претставници на угостителските објекти во општината, при што се ги информираше за кризните мерки за справување со отпадот, се вели во соопштението од Општина Центар кое МИА го објавува интегрално.

На средбата беше разговарано да се постават посебни пунктови каде ќе се собира отпадот од рестораните, кафулињата и другите локали.

Герасимовски истакна дека целта е да се воспостави ред и подобра хигиена во Центар.

„Овој органски отпад е сериозен загадувач и мораме да најдеме соодветно решение за негово одлагање, особено на Боемска каде што има многубројни  ресторани, локали и голема фреквенција на луѓе и млади. Не смееме да дозволиме, поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“, да го загрозиме здравјето на нашите граѓани“, рече Герасимовски на средбата.

Угостителите ги поздравија десетте мерки донесени од  кризниот штаб и напорите на општинските служби да се справат со актуелната ситуација со сметот.

Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан