• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Засадени нови дрвја во Капиштец, инвестираме во здравјето и во животната средина

Герасимовски: Засадени нови дрвја во Капиштец, инвестираме во здравјето и во животната средина

Скопје, 6 април 2025 (МИА) - Засадени се нови дрвја во Капиштец, инвестираме во здравјето на центарци и во животната средина, се истакнува во денешната писмена изјава на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Екипите на Општина Центар во текот на вчерашниот ден засадиле нови дрвја на две локации во населбата Капиштец - на улиците „Адам Мицкиевиќ“ и „Васил Ѓоргов“.

- Станува збор за дрвја од видот лагистремија индика, индиски јоргован - декоративен грм со естетски ефект, компресус - зимзелени растенија што ќе обезбедат зеленило и во зимските месеци, елеагнус - вид на маслинка што со своите лисја создава ефект на жива ограда, како и јавори - листопадни дрвја што ќе ја збогатат природната средина и ќе ги подобрат визуелните аспекти на урбаниот простор, се наведува во соопштението на Општина Центар.

Градоначалникот во писмената изјава нагласува дека со оваа активност, општината се грижи за здравјето на центарци и животната средина.

- Со садење дрвја во централното градско подрачје ги подобруваме животната средина и квалитетот на животот на центарци. Дрвјата го подобруваат квалитетот на воздухот, се апсорбираат штетните гасови и се намалува загадувањето на воздухот. Изминатава недела садевме садници на повеќе локации низ општината, нашата цел е да создадеме зелени и одржливи урбани простори, што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, потенцира Герасимовски.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека се продолжува со имплементација на проекти што ќе ја збогатат зелената површина на територија на општината, како и со активностите за подигнување на свеста за значењето на зеленилото во урбаните средини. бд/аа/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан