Герасимовски: Диџеј Тони Зен, театарска претстава и живи статуси денеска на ул. „Македонија“, дојдете на галерија под отворено небо
- СООПШТЕНИЕ - Општина Центар информира дека по повод Светскиот ден на уметноста - 15 април, денеска со почеток од 17:00 часот, улица Македонија“ ќе прерасне во вистинска уметничка галерија преку настанот „Центарски улици 3“.

15 април 2025
Општина Центар информира дека по повод Светскиот ден на уметноста - 15 април, денеска со почеток од 17:00 часот, улица Македонија“ ќе прерасне во вистинска уметничка галерија преку настанот „Центарски улици 3“.
На овој креативен настан ќе настапат улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште „Лазар Личеноски“, ќе има диџеј сетови, а ќе се одигра и кореодрамата „Самоти(и)ја“ со Енџи Николоска и Бојан Лазаров. Исто така, предвиден е настап на подвижниот акт именуван „ЗАЕДНО“ кој ќе се создаде на работилницата за пантомима и уличен театар.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите граѓани да бидат дел од уметничката галерија под отворено небо.
„Уметноста е универзален јазик кој нè спојува и не инспирира. Ве повикувам заеднички да го одбележиме Светскиот ден на уметноста и да ја почувствуваме креативната енергија на нашите уметници. Улица „Македонија“, денес ќе биде место каде уметноста ќе се чувствува, доживува и ќе живее“, вели Герасимовски.
Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар за 2025 година и е поддржан од Делегацијата на Европската Унија преку иницијативата „ЕУ со тебе“.
ПРОГРАМА
17:00-19:00 / Диџеј сет на ПАПАК БАС
17:00-20:00 / Групна изложба на учениците од Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски” во КСП - Центар Јадро
17:30-20:30 / Настап на улични живи статуи
18:00-20:00 / Подвижен уличен перформанс - ЗАЕДНО
18:45-19:20 / Улична театарска претстава „Самоти(и)ја”
19:00-21:30 / Диџеј сет на Тони Зен, Boogieman и Mawrteen
Општина Центар
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.