• петок, 22 ноември 2024

Герасимовски: Ги поканувам граѓаните да земат учество во Втората и завршна сесија на Буџетските форуми

Герасимовски: Ги поканувам граѓаните да земат учество во Втората и завршна сесија на Буџетските форуми

Скопје, 18 декември 2023

Општина Центар вечерва во 18 часот ќе ја одржи Втората сесија од Буџетските форуми. Состанокот ќе се одржи во ООУ „Киро Глигоров“ каде ќе биде претставен и разгледан Нацрт буџетот на 2024 година и ќе бидат дискутирани проектите кои граѓаните ги предложија на првата средба на Буџетските форуми. Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува граѓаните да се вклучат во реализацијата и креирањето политики во локалната самоуправа.

„Мислењето на граѓаните ни е исклучително важно, затоа нивното вклучување во креирањето на Буџетот е многу значајно за развојот и унапредувањето на животот во Центар. Ние ќе се фокусираме на нивните барања според приоритети во рамки на можностите на буџетот. Затоа ги поздравувам проектите кои ги предложија и истите ќе ги разгледаме за дел од нив секако според нивната важност да ги вметнеме во Буџетот за следната година. На втората и завршна сесија исто така сме отворени за нови предлози за конечно прецизирање на Буџетот“, порачува градоначалникот Герасимовски.

На буџетските форуми покрај градоначалникот Герасимовски и граѓаните на Центар свое учество земат и раководителите на сите сектори на општинската администрација кои ќе одговараат на прашањата на граѓаните по однос проектите кои се предлагаат и советници во Советот на општината. Минатата недела Општина Центар ја стави во функција алатката „Мој буџет“ со цел граѓаните направат преглед на приходите и расходите во Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 и ги изменат проектираните средства за одредена ставка според нивно видување.

Вклучувањето на граѓаните во креирање на програмите и проектите ќе го направат поквалитетен животот за сите граѓани кои живеат во општината.

 

Општина Центар

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан