• петок, 05 декември 2025

Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС за решавање на проблемот со сметот

Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС за решавање на проблемот со сметот

Скопје, 21 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски преку објава на својот профил на Фејсбук информира дека денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС за одржување итна седница, на која, како што посочува, ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот на територија на Центар и на Градот Скопје.

-Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и зарази, пишува Герасимовски.

Потенцира дека побарал дополнителна механизација од неговите колеги градоначалници од другите општини во државата, за да може општината сама да го расчисти сметот, откако, како што посочува, ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје повторно потфрли и пет дена не го собира сметот од улиците. фф/вг/

Фото: Принтскрин од видео на Горан Герасимовски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан