• сабота, 23 ноември 2024

Георгиева останува на чело на ММФ

Георгиева останува на чело на ММФ

Вашингтон, 13 април 2024 (МИА) – Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека генералната директорка Кристалина Георгиева доби уште еден мандат.

Вториот петгодишен мандат на Георгиева беше потврден со консензус.

Новиот мандат на Георгиева (70), која беше единствената кандидатка, ќе почне на 1 октомври, на крајот на нејзиниот досегашен мандат. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан