• понеделник, 23 декември 2024

Геополитичките тензии во светот предизивикаа рекордни нарачки во одбраната

Геополитичките тензии во светот предизивикаа рекордни нарачки во одбраната

Вашингтон, 27 декември 2023 (МИА) - Портфолиото на порачки на најголемите светски компании во одбранбениот сектор во 2022 година пораснал за речиси 10 отсто, достигнувајќи рекордни показатели, соопшти синоќа весникот „Фајненшал тајмс“. 

Ова се објаснува со зголемените геополитички тензии во светот, вклучувајќи ги конфликтите во Украина и Израел. Во заднина на зголемениот број жаришта во светот, акциите на одбранбените компании покажуваат висок раст, дознава весникот. 

Весникот направи анализа на показателите на 15 одбранбени групи, вклучувајќи ги и најкрупните компании во САД, БАЕ Системс (BAE Systems) и Хоува Ероспејс (Hohwa Aerоpspace). Според анализата, кон крајот на 2022 година, период за кој има целосна статистика, нивното општо портфолио на порачки се зголемило до 778 милијарди долари. Две години пред тој период, бројките биле 701 милијарда долари.

Се вели дека оваа тенденција продолжила и во 2023 година. За првото полугодие годинава вкупното портфолио на нарачки на овие две компании се искачило до 764 милијарди долари. 

Во заднина на конфликтите во Украина и војната меѓу Израел и Хамас, акциите на одбранбените компании покажуваат висок раст.  

Taка на пример, акциите на американската финансиска група MSCI пораснале за 25 отсто, а европскиот воздушно-вселенски индекс Stoxx во изминатите 12 месеци пораснал за 50 отсто. Интересот на инвеститорите е благодарејќи на нивната увереност во тоа дека високите трошици на владите за нарачки во одбранате ќе продолжат. кб/  

Остани поврзан