• сабота, 27 јули 2024

Генчовска денеска и утре во работна посета на Северна Македонија

Генчовска денеска и утре во работна посета на Северна Македонија
Скопје, 4 јуни 2022 (МИА) - Делегација од Министерството за надворешни работи на Бугарија предводена од министерката Теодора Генчовска, денеска и утре, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, соопштија од Министерството за надворешни работи. -Посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Северна Македонија, се наведува во соопштението од МНР. дма/сст/

 

 

Остани поврзан