Генерал Лафчиски на Конференција за војување на копнените сили во Лондон
- За време на конференцијата ќе се образложуваат, анализираат и дискутираат теми од современото војување и други теми важни за современиот начин на војување на Вооружените Сили (ВС) на ОК, но и на сојузниците и партнерите на НАТО, соопшти прес-службата на Генерлаштабот.
Скопје, 16 јуни 2025 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на дводневна Конференција за војување на копнените сили (Land Warfare Conference – LWC) во Лондон.
За време на конференцијата ќе се образложуваат, анализираат и дискутираат теми од современото војување и други теми важни за современиот начин на војување на Вооружените сили (ВС) на Обединетото Кралство (ОК), но и на сојузниците и партнерите на НАТО, соопшти прес-службата на Генерлаштабот.
Пред почетокот на конференцијата, генерал Лафчиски ќе има средба со заменик началникот за Штабот за одбрана на ВС на Обединетото Кралство, воздухопловниот маршал Харви Смит, како и со тимот одговорен за креирање на Стратегискиот Одбранбен преглед на ОК.
За време на дводневната посета, мачалникот на Генералштабот ќе ја посети и Кралската воена академија во Сандхрст, каде што се сретне со командантот на академијата, со цел потврдување на досегашната плодна соработка, како и идното школување на офицери од Армијата.са/
Фото: МИА архива