• сабота, 19 октомври 2024

Генералштабот на словенечката армија доби нов началник

Генералштабот на словенечката армија доби нов началник
Љубљана, 20 април 2020 (МИА) - Новиот началник на Генералштабот на словенечката армија Роберт Главаш од денеска и официјално ја презема функцијата, јави дописникот на МИА од Љубљана. На свеченоста по повод примопредавањето на функцијата тој изјави дека граѓаните и во иднина ќе можат да сметаат на армијата. - Мораме да продолжиме со инвестирањето во материјалниот и човечкиот потенцијал на армијата. Само така ќе ја одржиме војската во добра кондиција и подготвена за сите задачи, изјави Главаш. Министерот за одбрана, пак, Матеј Тонин на свеченоста рече дека Главаш бил војник „со душа и срце“. ав/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан