Генералната секретарка на Собрание на 1 и 2 февруари ќе учествува на состанок на генерални секретари на парламентите од ЕУ
- Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска на 1 и 2 февруари ќе учествува на состанок на генерални секретари на парламентите од ЕУ кој што ќе се одржи во Копенхаген, Кралство Данска.
Скопје, 30 јануари 2026 (МИА) - Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска на 1 и 2 февруари ќе учествува на состанок на генерални секретари на парламентите од ЕУ кој што ќе се одржи во Копенхаген, Кралство Данска.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на состанокот генералните секретари ќе ја дефинираат Програмата за Конференцијата на претседатели на Парламенти од ЕУ која ќе се одржи во Копенхаген оваа година, а ќе споделат и мислења за Вештачката интелигенција во парламентарната администрација, осигурување на континуитет и безбедност во време на хибридни закани, како и за Размената на информации меѓу Парламенти.
Димовска ќе се обрати на сесиите на состанокот и ќе оствари билатерални средби со хомолозите. фф/вј/
Фото: МИА Архива