• петок, 22 ноември 2024

Генералната директорка на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, Карин Јемтим во посета на ,,Гласен Текстилец"

Генералната директорка на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, Карин Јемтим во посета на ,,Гласен Текстилец
Штип, 5 ноември 2022 (МИА) - Текстилни работнички и претставници на Здружението „Гласен Текстилец" денеска имаа средба со Карин Јемтим, генерална директорка на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, со амбасадорката на Кралството Шведска, Ларсон Јаин  и преставници од Амбасадата, како и со координаторот на Олаф Палме Центар за Северна Македонија.
Кристина Ампева од „Гласен Текстилец" - Штип вели дека на работната средба биле присутни вработените во ГласенТекстилец, неколку текстилни работнички од повеќе градови од регионот, кои ги запознаа гостите со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат низ работниот процес.
- Ја запознавме  делегацијата со најчестите правни пречки и проблеми кои произлегуваат на работното место, накратко им објаснив за судските постапки кои ги води „Гласен Текстилец", работата на институциите и пристапот до правда во државава. Од 2017 година до сега, многу работи се сменети, благодарение на овие соработки, но останува уште многу работа во наредниот период за да се врати угледот и се прикаже и светлата страна на текстилната индустрија, вели Ампева.
Посочува дека се радува на секоја средба која има за цел унапредување на правата на работниците од приватниот сектор, со акцент на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
-Особено сме благодарни како Здружение на поддршката сите овие години од страна на нашите партнери од Шведска, вели Ампева. вдј/вг/

Остани поврзан