• недела, 22 декември 2024

Гаши и Димовска на средба со претставниците на Националниот демократски институт

Гаши и Димовска на средба со претставниците на Националниот демократски институт

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска денеска оствариле средба со Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт (НДИ) во земјава и со претставниците на оваа организација, Слаѓана Пановска и Едип Билал.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле изнесени позитивни оценки за настаните и проектите што беа реализирани во изминатите неколку месеци во Собранието, со поддршка на НДИ, како и преку Програмата за парламентарна поддршка, како одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата и на Светскиот ден на наставниците, како и собранискиот Хакатон.

Соговорниците размениле мислења и идеи околу можните следни заеднички чекори во насока на подигање на капацитетите на законодавната власт, посебно во областите што се дел од собранискиот Стратешки план.

Притоа, биле разгледани можностите за засилување на надзорната улога на Собранието, за понатамошно јакнење на капацитетите на собраниската Служба и за унапредување на можностите што ги нуди новата интернет страница на законодавниот дом.

На средбата се разговарало и за новата ИКТ стратегија на Собранието, која е во почетна фаза на подготовка, како и за чекорите што се преземаат за продолжување на процесите за целосна независност на законодавната власт, преку воспоставување и независно собраниско обезбедување. дма/ев/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан