• понеделник, 01 јули 2024

Гати дополнително повикан во италијанскиот состав за ЕВРО2024

Гати дополнително повикан во италијанскиот состав за ЕВРО2024

 

Рим, 3. јуни 2024 (МИА) – Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети денеска го повика дефанзивецот на Јувентус, Федерико Гати да се приклучи на тимот од 28 играчи кои се подготвуваат за претстојното Европско првенство.

Гати доби повик од Спалети, откако од списокот отпаднаа Франческо Ачерби и Џорџо Скалвини поради повреди.

Спалети в четврток ќе го објави конечниот список од 26 играчи кои ќе настапат на Европското првенство во Германија кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.

Италија во групната фаза на Европското првенство ќе игра против Албанија, Шпанија и Хрватска. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан