• петок, 30 август 2024

Гасперини, Спалети или Инзаги може да го заменат Пирло во Јувентус

Гасперини, Спалети или Инзаги може да го заменат Пирло во Јувентус
Торино, 23 март 2021 (МИА) - Раководството на Јувентус донесе одлука за кандидатите кои можат да го заменат главниот тренер Андреа Пирло. Според „Ла Република“, Џанпјеро Гасперини, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети се најсериозни кандидати за наследник на 41-годишниот Италијанец на тренерското место во Јувентус. Желба беа и Јирген Клоп и Хосеп Гвардиола, но клубот од Торино нема доволно средства за да донесе еден од овие двајца врвни фудбалски стручњаци. Позицијата на Пирло се влоши откако Јувентус загуби со 0:1 од Беневенто во Серија А. Торинскиот клуб испадна и од Лигата на шампионите во осминафиналето по пресметката со Порто. Клубот е на третото место во италијанскиот шампионат со десет бода заостанување зад водечкиот Интер. зс/

Остани поврзан