• четврток, 27 јуни 2024

Гасли потпиша договор 2+1 со Алпин

Гасли потпиша договор 2+1 со Алпин
Париз, 12 октомври 2022 (МИА) - Станаа познати детали од договорот на Пјер Гасли со Алпин. Француското издание „Sportune“, објави дека Гасли потпишал двегодишен договор со Алпин со опција за продолжување за сезоната 2025 година. Според договорот за соработката на Гасли со Алпин, тој ќе заработува 15 милиони долари годишно. Годинава Гасли заработи околу 5 милиони долари во Алфа Таури, додека следната година се очекуваше неговата плата да порасне на 10 милиони долари. зс/

Остани поврзан