• сабота, 23 ноември 2024

Гарсија се повлекува од функцијата главен тренер на Селта

Гарсија се повлекува од функцијата главен тренер на Селта
Виго, 9 ноември 2020 (МИА) - Главниот тренер на Селта, Оскар Гарсија ја напушти функцијата, објавено е денес на официјалната веб-страница на прволигашот од Виго. Клубот им се заблагодари на 47-годишниот Шпанец и неговите помошници за професионалноста и посветеноста. Гарсија ја водеше Селта од ноември 2019 година. Клубот од Виго во моментов е 17-ти во Ла Лига со само седум бода по девет одиграни кола. зс/

Остани поврзан