• недела, 22 декември 2024

Гарнет сака НБА-лигата да се врати во Сиетл

Гарнет сака НБА-лигата да се врати во Сиетл
Сиетл, 9 април 2020 (МИА) - Еден од најдобрите НБА играчи на почетокот на овој век, Кевин Гарнет, призна дека сонува да ја врати кошаркарската франшиза во Сиетл. Клубот на овој град мина 41 сезона во НБА лигата од 1967 до 2008 година. Потоа, франшизата се пресели во Оклахома Сити. - Би сакал да го купам Суперсоник и да ја рестартирам кошарката на северозападниот дел. Сиетл беше од големо значење за НБА. Јас навистина сакам да го спроведам ова. Ако имам шанса да направам такво нешто, ќе го сторам тоа, изјави Гарнет. зс/

Остани поврзан