• недела, 22 декември 2024

Ганц: Воената акција во Газа ќе продолжи

Ганц: Воената акција во Газа ќе продолжи

Тел Авив, 24 ноември 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили ќе ги обноват борбите во Газа по четиридневниот прекин на огнот што започна денеска, изјави израелскиот министер Бени Ганц.

Изјавата ја даде пред стотици луѓе кои присуствуваа на собирот за солидарност во Тел Авив со семејствата на израелските заложници во Газа. 

-Сакам да ги уверам семејствата на сите заложници: нема да запреме, ќе ги продолжиме напорите и воената акција во Газа за извлекување на заложниците, нагласи Ганц, опозициски политичар кој се приклучи на владата по избувнувањето на конфликтот со Хамас на 7 октомври.

Утрово во 7 часот по локално време стапи во сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар. 

Палестинската милитантна група Хамас денеска му ја предаде на Црвениот крст првата група израелски заложници. Меѓу ослободените има и 13 лица, кои преку преминот Рафа, се предадени на египетските власти. Претходно Хамас ослободи и 12 тајландски заробеници. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан