• понеделник, 23 декември 2024

„Ганс-ен-роузес“ му ја посветија турнејата на починатиот рокер Тејлор Хокинс

„Ганс-ен-роузес“ му ја посветија турнејата на починатиот рокер Тејлор Хокинс

Лос Анџелес, 18 јули 2022 (МИА) - Аксл Роуз објави соопштение во коешто, тукушто завршената турнеја на неговиот бенд „Ганс-ен-роузес“ ја посветува на рокерот Тејлор Хокинс.

Рок-составот го одржа својот последен концерт како дел од нивната европска турнеја на 15 јули. Аксл набргу потоа на Твитер рече дека таа е посветена на Хокинс, покојниот тапанар на групата „Фу фајтерс“, кој почина во март. „Тешко е да се справиш со такво нешто, но во обид да оддадеме почит, би сакале да ја посветиме оваа турнеја на нашиот пријател Тејлор Хокинс. Тој беше одлично момче и секогаш беше задоволство да се видам со него. Засекогаш ќе остане во нашите срца“, напиша пејачот на „Ганс-ен-роузес“. [caption id="attachment_1749138" align="aligncenter" width="800"]Тејлор Хокинс (1972 - 2022) Тејлор Хокинс (1972 - 2022)[/caption] Тој исто така го критикуваше претседателот на Русија, Владимир Путин, за инвазијата врз Украина, заблагодарувајќи им се на сите оние кои покажаа љубов и поддршка за народот на Украина и, како што рече, „нивната благородна и застрашувачка борба за слобода против тоталитарниот режим“. Тој го нарече Путин - „лажго, мало човече со неуспешни амбиции, кое нема почит кон човечкиот живот“. „Ганс-ен-роузес“ почнуваат нова турнеја во ноември, со концерти во Австралија и Нов Зеланд.  си/

Остани поврзан