• петок, 22 ноември 2024

Гандаму - новиот јапонски џин од речиси 20 метри (видео)

Гандаму - новиот јапонски џин од речиси 20 метри (видео)
Јокохама, 24 септември 2020 (МИА) - Фабриката Гандаму во Јокохама, во близина и јужно од јапонскиот главен град Токио, го оживеа филмскиот робот Ер-икс-78 од јапонскиот цртан „Подвижниот костим Гандаму“ од 1979 година. Роботот е висок нешто повеќе од 18 метри и тежи 25 тони. Оваа огромна рекреација има широк спектар на движења со главата, очите, способна е да клечи, да ги движи прстите и да покажува кон небото. Вештачкиот џин ќе биде главна атракција во новиот Гандаму забавен парк. Претставувањето било предвидено за пред една година, но беше одложено поради корона-пандемијата.  си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=nnFhoW0fYpM

Остани поврзан