• петок, 17 мај 2024

Галтие: За да ја освоиме Лига 1 треба да го промениме пристапот и да покажеме карактер

Галтие: За да ја освоиме Лига 1 треба да го промениме пристапот и да покажеме карактер

Париз, 3 април 2023 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие по натпреварот со Лион (0:1) изјави дека неговите фудбалери треба да го сменат пристапот кон работата.

 

- Осум порази во 2023 година се многу за ПСЖ. Има фрустрација бидејќи добро го започнавме натпреварот и гнев затоа што дозволуваме да се создадат премногу шанси кон нашиот гол. Ни недостига карактер, гордост. Нашите навивачи не носат напред до последен момент, но ние не реагираме на тоа. Сè уште сме во состојба да постигнеме нешто, но треба да се фокусираме, да ја разбереме ситуацијата во која се наоѓаме. Треба да почекаме и враќање на некои играчи. Секако, разочарувањето е големо. Првенството тешко се освојува, ако мислите дека ова е лесна задача, тогаш се лажете. За да ја освоиме оваа титула, треба да го смениме пристапот, да покажеме карактер на теренот, особено кога работите не одат добро, изјави тренерот на ПСЖ на „Amazon Prime“.

 

ПСЖ по 29 кола е лидер на табелата во Француското фудбалско првенство со 66 бода, пред Ленс и Марсеј кои имаат по 60. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан