• понеделник, 23 декември 2024

Галант: Израел нема да се приклучи на работната група за намалување на тензиите со Хезболах, предложена од Макрон

Галант: Израел нема да се приклучи на работната група за намалување на тензиите со Хезболах, предложена од Макрон

Тел Авив, 14 јуни 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска соопшти дека Израел нема да се приклучи на трилатералната работна група за намалување на тензиите меѓу таа земја и либанската милитантна група Хезболах, предложена од францускиот претседател Емануел Макрон.

„Додека ние сме во војна и го браниме нашиот народ, Франција усвои непријателска политика против Израел. Притоа, Франција ги игнорира злосторствата извршени од Хамас врз израелските деца, жени и мажи“, се наведува во соопштението на Галант, кое го пренесува „Тајмс оф Израел“.

Галант потврди дека Израел нема да биде дел од трилатералната работна група, за која Макрон вчера рече дека САД, Франција и Израел се согласиле да работат заедно за деескалација на конфликтот на Израел со групата Хезболах. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан