• петок, 05 декември 2025

Гави повторно на операција на коленото

Гави повторно на операција на коленото


Барселона, 22 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Гави, ќе биде подложен на артроскопија на десното колено поради повреда на внатрешниот менискус, објави денеска каталонскиот клуб.
Шпанскиот репрезентативец (21) е надвор од теренот од крајот на август, а хируршката интервенција е закажана за утре, откако претходните третмани не дадоа резултати.
Барселона објави дека Гави првично бил подложен на „конзервативен третман“, а потоа на „интензивни спортски стрес тестови“, но дека е одлучено да се изврши мала операција за да се обезбеди целосно закрепнување и враќање на теренот.
Во ноември 2023 година, Гави претрпе сериозна повреда, руптура на предниот вкрстен лигамент и оштетување на менискусот на истото колено, поради што беше надвор од тимот една година.
Гави се приклучува на широкиот список повредени фудбалери во редовите на Барселона на кој веќе се наоѓаат Фермин Лопез, Ламин Јамал, Алехандро Балде и голманот Марк-Андре тер Штеген. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан