• петок, 05 декември 2025

Гави би можел да отсуствува околу два месеца

Гави би можел да отсуствува околу два месеца

Барселона, 13 септември 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Гави, би можел да отсуствува до шест недели поради повреда, објави „Марка“.

Дваесет и едногодишниот Шпанец има проблеми со десното колено. Сепак, ова не е истата повреда од пред две години кога имаше руптурата на вкрстените лигаменти.

Фудбалерот ќе биде подложен на конзервативен третман, а следната недела ќе биде подложен на дополнителен медицински преглед за попрецизна процена на неговата состојба.

Гави играше на два натпревара оваа сезона и имаше една асистенција. Потоа го пропушти натпреварот против Рајо Ваљекано и натпреварите на шпанската репрезентација во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан