• петок, 22 ноември 2024

Ву Чиан: За Кина независноста на Тајван ќе значи почеток на војна

Ву Чиан: За Кина независноста на Тајван ќе значи почеток на војна

Пекинг, 30 мај 2024 (МИА)  - Независноста на Тајван може да значи почеток на војна, а повторното обединување на Кина е неповратен тренд на историјата, изјави денеска портпаролот на кинеската војска Ву Чиан.

Изјавата на Ву е одговор на новиот лидер на Тајван, островот што бара независност, Лаи Кинг-те, чиј говор, според Ву, беше признание за неговите обиди да бара независност „потпирајќи се на надворешни сили“, пренесе Ксинхуа.

-Сепаратистичките активности кои бараат независност на Тајван претставуваат најголема реална закана за мирот преку Тајванскиот теснец, рече Ву.

 Тој нагласи дека кинеската војска ја презема мисијата за заштита на националниот суверенитет и територијален интегритет на Кина и е целосно подготвена да преземе решителна акција за да „се спротивстави на секакви сепаратистички обиди за независност на островот и да го спречи странското мешање“.сд/

Остани поврзан