• вторник, 24 декември 2024

Вучиќ - Борисов: Изградбата на гасоводот Балкански поток е од суштинско значење за двете земји

Вучиќ - Борисов: Изградбата на гасоводот Балкански поток е од суштинско значење за двете земји
Белград, 1 јуни 2020 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вуќчиќ за време на денешната посета на Бугарија оцени дека изградбата на гасоводот Балкански поток е од суштинско значење за развојот на двете земји и за нивната соработка и дека многу луѓе не го разбираат целосно значењето на проектот,  јави дописникот на МИА од Белград. - Изградбата на тој гасовод и за Бугарија и за Србија значи економски раст, индустриски раст, но и обезбедување на нашите домаќинства со таа енергија. Тоа е инвестиција чии резултати не се гледаат веднаш и е од стратешко и дубинско значење за напредокот на нашите земји, изјави Вучиќ по обиколка со бугарскиот премиер Бојко Борисов на градилиштето на гасоводот и на магистралниот пат од срспката границата до Софија. Вучиќ оцени дека е среќен што видел дека работите напредуваат брзо и квалитетно и изрази надеж дека за кратко време тој гасовод ќе се поврзе со Србија во близина на Зајечар и Ниш, преку интерконектор што се гради со поддршка на ЕУ. Србија, која во декември заврши со поставувањето на цевки за својата рута, преку бугарската делница од гасоводот Балкански потоик ќе добива гас од гасоводот Турски поток. Вучиќ за време на посетата на Бугарија додаде дека со нетрпение очекува да заврши и изградбата на автопатот од бугарската граница до Софија, што ќе овозможи да од Белград до Софија се пристигне за три часа. Бугарскиот премиер Бојко Борисов во заедничкото обраќање со Вучиќ по посетата на работите на гасоводот, изјави дека гасоводот Балкански поток ќе биде од корист за двете држави и ќе придонесе за диверзификација на гасот на целиот регион и дека цената ќе биде конкурентна. - Проектот не го носи залудно името Балкански поток, бидејќи започнува од Бугарија и продолжува кон Србија. Не е случајно што овој гасен јазол го нарековме Балкански поток, кажа Борисов. Тој додаде дека проектот се спроведува со помош на Европската комисија, почитувајќи ги сите барања од Третиот пакет за либерализација. - Европската комисија инвестираше и во проектот Балкански тек, а бугарската влада доби уште шест милиони евра за изградба на гасен интерконектор до Србија, преку кој може да транзитира не само рускиот, туку и азербејџанскиот гас, изјави Борисов. Тој одговарајќи на прашањето за можностите на спроведување на овој проект затоа што Стејт департментот смета дека преносот на руски гас е опасен, Борисов кажа дека за Балканскиот тек разговарал со претседателот на САД, Доналд Трамп и со највисоките американски претставници. Бугарскиот премиер потсети дека гасоводот Јужен поток е запрен од Брисел заради корупциски практики на тендерите и дека на Балканскиот поток сè е транспарентно. Борисов наведе дека на изградбата која е во вредност од 250 милиони евра, кои ги инвестирала Бугарија,се вклучиле грчки компании, како и компанија од Саудиска Арабија, а меѓу 1.200 работници има и Италијанци, Грци и Арапи. об/ми/

Остани поврзан