Вулверхемптон ја отфрли втората понуда на Њукасл за Ларсен
- Њукасл им упати втора понуда на Вулверхемптон за напаѓачот Јорген Странд Ларсен, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.
Вулверхемптон, 27 август 2025 (МИА) - Њукасл им упати втора понуда на Вулверхемптон за напаѓачот Јорген Странд Ларсен, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.
Според Romano „Свраките“ понудиле 55 милиони фунти за 25-годишниот Норвежанец, но биле одбиени.
Тековниот договор на Ларсен е до 2029 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 26 милиони фунти.
Оваа сезона, Ларсен играше на три натпревари на сите турнири и постигна два гола. зс/
Фото: ЕПА