Втор симпозиум „Смарт фармацевт“ на тема дијабет
- Станува збор за мултидисциплинарен настан на кој ќе се споделат знаења и искуства од фармацевти, матични лекари, специјалисти, еднокринолози, нефролози, невролози и офталмолози бидејќи, како што велат организаторите, потребени се здравствени тимови од повеќе специјалности за правилен и ефикасен третман на дијабетесот.
Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Под мотото „Заедно сме посилни“ денеска во Скопје започнува вториот симпозиум „Смарт фармацевт“ на тема дијабетес.
Станува збор за мултидисциплинарен настан на кој ќе се споделат знаења и искуства од фармацевти, матични лекари, специјалисти, еднокринолози, нефролози, невролози и офталмолози бидејќи, како што велат организаторите, потребени се здравствени тимови од повеќе специјалности за правилен и ефикасен третман на дијабетесот.
Во првите два дена преку работилници ќе бидат пренесени клиничките патеки за активно вклучување на фармацевтите во менаџмент на терапијата за дијабет и сите скриниг и превентивни активности што фармацевтите треба да ги работат како дел од фармацевтската грижа за своите корисници на фармацевтски услуги.
Симпозиумот е во организација на ФармаЕксперт, Здружението на приватни аптеки, ЗСЛОМ и Центарот за семејна медицина. бак/
Фото: МИА архива