• среда, 03 јули 2024

Втор Меморијален кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“

Втор Меморијален кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) – Второто издание на Меморијалниот кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“ што се одржува во име на еден од најпознатите и најтрофејни македонски стручњаци во младинска конкуренција, ќе се одржи од 15 до 18 септември во Скопје.
Турнирот во спомен на Драган Василов – Цевка, кој почина во август 2020 година, е предвиден за кошаркари родени 2008 година и помлади, а годинава ќе има меѓународен карактер со учество на осум екипи. Од Македонија ќе играат Вардар и МЗТ Скопје Аеродром, а гости се Балкан од Бугарија, Игокеа од БиХ, Будуќност од Црна Гора, Цедевита од Хрватска, како и Црвена Звезда и Триумф од Србија. Минатата сезона трофејот го освои словенечкиот клуб Слован. ег/ар/

Остани поврзан