• петок, 05 декември 2025

Втор ден на ЕМОФ 2025, македонските спортисти ќе настапат во осум спортови

Втор ден на ЕМОФ 2025, македонските спортисти ќе настапат во осум спортови

Скопје, 22 јули 2025 (МИА) – На Европскиот младински олимписки фестивал што се одржува во Скопје денес е вториот натпреварувачки ден. Македонските репрезентативци ќе учествуваат во осум спортови.

Први ќе настапат пливачите (9:30 часот) во Олимпискиот базен.

Од 10:30 часот Македонија свои претставници ќе има во стрелаштво (сала Наум Наумовски Борче – Партизан).

Во 11 часот Македонија ќе има учесници во бадминтон.

За 16 часот е закажан почетокот на натпреварите на на женските репрезентации во ракомет (СЦ Јане Сандански) и кошарка (сала Перо Наков во Куманово), машките селекции ќе имаат натпревари од 18:15 часот во СРЦ „Кале“ и салата во Куманово. 

Во „Ист Гејт Мол“ од 16:15 Македонија ќе настапи во Баскет 3Х3 во женска конкуренција, од 20:05 часот ќе игра машката репрезентација.

Одбојкарите и одбојкарките од 18 часот ќе ги стартуваат своите натпревари во малата и големата сала во СЦ „Борис Трајковски“. зс/

Фото: МОК

Остани поврзан