• сабота, 13 јули 2024

Второ прскање против комарци на територијата на Скопје

Второ прскање против комарци на територијата на Скопје
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот од 17 до 20 мај 2022 година на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Ова е второ прскање, по првото кое се изврши на 29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес.
Доколку временските услови се неповолни, терестричната дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Од Град Скопје повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите во текот на определениот период за прксање на комарци. сх/дма/

Остани поврзан