• недела, 22 декември 2024

Врховниот суд на САД ја одби жалбата на Икс за профилот на Трамп

Врховниот суд на САД ја одби жалбата на Икс за профилот на Трамп

Вашингтон, 7 октомври 2024 (МИА) - Врховниот суд на САД денеска одби да ја разгледа жалбата на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), сопственост на Илон Маск, која се повикуваше на слободата на говорот во врска со наредба од судија со која и се забрани на компанијата да го извести Доналд Трамп, кандидатот на републиканците за претстојните избори, за заплената на неговите директни пораки и други податоци поврзани со неговиот профил на платформата.

Судиите ја одбија жалбата на компанијата против наредбата на американската окружна судијка Берил Хауел, која забрани да се информира Трамп за налогот од специјалниот обвинител Џек Смит и побара предавање на информациите без претходно разгледување на забелешките на Икс.

Икс сметаше дека оваа наредба го крши Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја ограничува способноста на владата да ја ограничи слободата на говорот.

Маск го купи Твитер во 2022 година и го преименува во Икс.

Во јануари 2023 година, Смит доби налог за информации поврзани со профилот на Трамп - '@realDonaldTrump' на платформата, кој датира од времето кога платформата сè уште се викаше Твитер, како дел од кривичната истрага за обидите на Трамп да го поништи поразот на изборите во 2020 година против актуелниот претседател Џо Бајден.

Истрагата резултираше со кривични обвиненија против Трамп, кој се изјасни за невин.

Маск го поддржува Трамп на претстојните претседателски избори.

Трамп изјави дека, доколку биде избран, ќе формира комисија за ефикасност на владата која ќе ја води Маск. ссм/

фото: архива

Остани поврзан