• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го користи законот за време на војна за да депортира мигранти

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го користи законот за време на војна за да депортира мигранти

Вашингтон, 8 април 2025 (МИА) – Претседателот Доналд Трамп може да депортира наводни странски членови на картел врз основа на контроверзниот воен закон од 18 век, одлучи Врховниот суд на САД.

Тужителите биле приведени во Тексас и затоа требало да поднесат тужба таму, а не во Вашингтон, одлучија судиите.

Врховниот суд на тој начин ја поништи одлуката на федералниот судија Џејмс Боасберг, кој пресуди дека „Законот за странски непријатели“ од 1798 година не обезбедува соодветна правна основа за депортации на осомничени членови на банда и нареди нивно суспендирање.

Врховниот суд, кој пресуди 5 спрема 4 во корист на укинување на наредбата на Боазберг, истакна дека „правата на затворениците против краткорочно отстранување, сепак, во моментов не се спорни“ и дека „притворениците имаат право на известување и можност да бидат сослушани „соодветно на природата на случајот“.

Според американските медиуми, пресудата ја остава отворена можноста мигрантите повторно да го поднесат својот случај во Тексас.

- Несогласувањето на Судот со неистомислениците не е околу тоа дали приведените добиваат судска проверка на нивните трансфери – сите девет членови на Судот се согласуваат дека судската ревизија е достапна. Единственото прашање е каде треба да се случи тоа судско преразгледување, рече судијата Брет Кавано во своето мислење.

Во март, САД депортираа повеќе од 200 наводни членови на криминалната група Трен де Арагуа во Ел Салвадор, повикувајќи се на Законот за странски непријатели – кој последен пат беше користен за време на Втората светска војна – тврдејќи дека бандата води „нередовна војна“ против САД под раководство на авторитарниот лидер на Венецуела Николас Мадуро.

Законот му дозволува на претседателот да ги заобиколи нормалните процедури за имиграција за приведување или депортирање на странски државјани од непријателски нации, но обично бара САД да бидат во војна или да се соочат со „инвазија или предаторски напад“.

Администрацијата на Трамп ја поздрави пресудата на Врховниот суд, а Трамп ја нарече „одличен ден за правда во Америка“ на социјалните мрежи. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан