• понеделник, 23 декември 2024

Врховниот суд ги одби барањата на Јанева и Јовановски за случајот „Рекет”

Врховниот суд ги одби барањата на Јанева и Јовановски за случајот „Рекет”
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Врховниот суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на пресудите за случајот „Рекет” на Бојан Јовановски и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Jанева. - Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие, велат од Врховен суд. Воедно, во јули минатата година Апелациониот суд – Скопје ја потврди пресудата на Кривичниот суд – Скопје за случајот „Рекет” со кој Јанева е осудена на казна затвор од седум години за „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски на девет години затвор за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. оџ/дма/    

Остани поврзан