• сабота, 06 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Времето во Република Северна Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 5, а дневната од минус 1 до 8 степени. Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег.  Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 5 степени. Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Остани поврзан