• среда, 03 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 31 август 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 37 степени. Од вторник времето ќе биде сончево со  мала до умерена облачност, а ќе има и локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура постепено ќе опаѓа.

Остани поврзан