• понеделник, 23 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 24 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 29 степени. До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите ќе бидат во позначителен пораст.

Остани поврзан