• четврток, 04 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 2 септември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, претпладне претежно сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени. Во петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер, а потоа следува претежно стабилен период во кој температурата нема многу да се менува.

Остани поврзан